Сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни, убавата адвокатка Амал повторно се најде во центарот на вниманието откако се појави во облека што или ја сакате или не можете да ја сфатите.

Амал Клуни отиде на одмор во Сен Тропе и уште еднаш покажа како еден од најпрактичните, но и најподелените летни трендови може да изгледа елегантно и многу „шик“ во исто време.

Амал и Џорџ Клуни овие денови престојуваат на југот на Франција, каде што го прославија роденденот на мегапопуларниот актер, а нејзиниот опуштен летен стил повторно го привлече вниманието на љубителите на модата.


Иако во деловни пригоди е препознатлива по своите софистицирани и класични комбинации, на одмор Амал почесто избира поразиграни парчиња, посилни бои и понеобични кроеви кои отстапуваат од нејзиниот вообичаен, деловен изглед.

За ручек во Сен Тропе, Амал избрала соодветен аутфит во нејзин стил, топ со реси и микро здолниште со шарени детали на рабовите.

Целиот изглед го комплетираше со чизми со мек, опуштен горен дел, кои на комбинацијата ѝ дадоа дополнителна доза на модерен и трендовски карактер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата