logo
logo
logo

Огромна двојна победа за Македонија во ,,Ѕвездите на Гранд”

Vecer | 21.06.2026

Огромна двојна победа за Македонија во ,,Ѕвездите на Гранд”

Големото финале на најгледаното музичко шоу во регионот „Ѕвездите на Гранд“ донесе емоции, гордост и македонски дух кој што ќе се памети долго.

Младиот талентиран пејач Бојан Илиевски (25) од Скопје ја освои титулата на публиката со над 50.000 SMS гласови, откако ја остави својата душа на сцената.

Во одлучувачкиот момент, Бојан ја изведе моќната и емотивна песна на групата ДНК – „Ако утре ме нема“. Изведбата беше посветена на трагично настраданите членови на бендот, а студиото беше во солзи, а публиката во транс.

Со силен глас, искрени емоции и македонска душа, Бојан падна на колена по настапот, не можешќи да ги задржи солзите од благодарност и гордост.

Мирјана Митрева од Кавадарци, исто така од тимот на Ѓорѓе Давид, го освои второто место со импресивни околу 46.000 гласови.

Таа ја изведе емотивната „Две златни лири“, донесувајќи уште еден врв на македонското претставување во финалето.

Двајцата македонски учесници ја покажаа класата и талентот на нашата земја, исполнувајќи го финалето со гордост, емоции и автентична македонска душа.

Бојан стана првиот победник по публика од Македонија во оваа сезона, додека Мирјана ја потврди својата позиција како една од најсилните вокални сили на шоуто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk