logo
logo
logo

Светски познатиот стендап-комичар Џим Џефрис на 5 декември доаѓа во Скопје

Vecer | 12.09.2025

Светски познатиот стендап-комичар Џим Џефрис на 5 декември доаѓа во Скопје

Светски познатиот стендап-комичар Џим Џефрис со своето најново шоу пристигнува во Скопје, на 5 декември, во големата сала на спортскиот центар „Јане Сандандски“, каде што ќе се претстави со својот најнов материјал насловен „Son of a Carpenter“ („Син на еден столар“), како дел од неговата успешна 40-дневна европска турнеја.

Тој е и водител, поткастер и писател чие последено Нетфликс-шоу “Jim Jefferies: Two Limb Policy”, кое излезе во август 2025 година, претставува дел од серијалот од шест специјални стендап-шоуа издадени за Нетфликс.

Со интелигентни рутини што опфаќаат секојдневни теми и кариера што трае повеќе од 20 години, Џим Џефрис често настапува на турнеи низ светот, распродавајќи огромни стадиони и сали како Медисон сквер гарден, Карнеги хол и О2 Арена во Лондон.

На фестивалот “Just for Laughs” во Монтреал во 2019 година, Џефрис беше прогласен за стендап-комичар на годината.

Во Скопје ветува незаборавно целовечерно и ексклузивно шоу целосно на англиски јазик.

Билетите за Џим Џефрис веќе се во продажба преку drugastrana.mk.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk