Деновиве поранешниот француски претседател Саркози замина во затвор, а неговата сопруга Карла Бруни го посетува секојдневно. Преку казната за сопсругот Карла Бруни повторно се појави ан ансловните страни на медиумите. А која е Карла Бруни? Лик зад кои стои нестварна биографија.
Модниот модел и пејачка Карла Бруни, сопруга на поранешниот француски претседател Никола Саркози, беше „дете на гревовите“ на нејзината мајка и тинејџерка, а потоа животот ѝ донесе низа скандалозни љубови.
Карла Бруни, некогаш една од најпознатите модели во светот и сопруга на поранешниот француски претседател Никола Саркози, во последните години води потивок живот. На 57-годишна возраст, таа изгледа речиси нереално - витка, негувана и со истата насмевка што некогаш ги красеше насловните страници на светските списанија.
Денес живее во изолација со Саркози, посветена на музиката и семејниот бизнис со вино што го започнаа заедно. Сепак, зад сјајот и гламурот се крие живот полн со пресврти, страсти и тајни што би можеле да послужат како сценарио за филм.
Карла е родена како дете на забранета љубов. Пред петнаесет години, во интервју за „Венити фер“, таа откри дека човекот за кого верувала дека е нејзин татко, всушност никогаш не бил. Кога имала 29 години, нејзиниот очув Алберто, кој бил во брак со нејзината мајка од 1959 година до неговата смрт, ѝ признал на смртната постела дека тој не е нејзин биолошки татко.

Вистината била шокантна - Карла е плод на љубовта помеѓу нејзината мајка, тогаш 36-годишна пијанистка, и бразилскиот магнат Маурисио Ремерт, кој имал само 19 години.
Двајцата се запознале додека свиреле во истиот музички квинтет, а нивната тајна врска траела полни шест години. Алберто, на смртната постела, ја замолил никогаш да не ѝ открива на мајка си дека ја знае вистината - но Карла не можела да молчи. Таа храбро се соочила со мајка си, откривајќи тајна долга една деценија што променила сè во нивната врска.
Подоцна во животот, таа самата предизвикала јавна бура. Откако била во врска со писателот Жан-Пол Ентовен, Карла започнала романса со неговиот син Рафаел, со кого подоцна добила дете. Јавноста тогаш ја осудила, но таа никогаш не ги криела своите емоции или начинот на кој сакала - интензивно и без калкулации.
По тој романтичен бродолом, таа беше поврзана со многу познати мажи, сè додека во 2007 година не го запозна Никола Саркози. Љубовта се разгоре речиси веднаш, и двајцата наскоро се венчаа.
И по сите овие години, и покрај неговите политички афери и осудата за корупција, нивниот брак сè уште е силен. Зад насмевката на Карла Бруни се крие живот полн со контрасти - од скандали и тајни, до искрена љубов и посветеност. Можеби затоа таа е сè уште фасцинантна денес - затоа што во време полно со маски, таа никогаш не го криеше своето лице.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата