Кога Бора Ѓорѓевиќ почина ненадејно и прерано на почетокот на септември претходната година, за неговиот живот се пишуваше со денови. Меѓу другото и неизбежната тема за љубовниот живот.
Неговата колешка Маја Николиќ тогаш тврдеше дека Маја Оџаклиевска и Бора Ѓорѓевиќ биле во емотивна врска кога двајцата биле на почетокот на своите кариери.
Сепак, кратко потоа, се огласи и Оџаклиевска, негирајќи ги обвинувањата на нејзината помлада колешка, истакнувајќи дека не треба да се верува на сите:
„Да бев големата љубов на Бора Ѓорѓевиќ, веќе ќе го знаевте тоа, немојте да се занесувате со изјавите на Маја Николиќ“, изјави Оџаклиевска за „Информер“, осврнувајќи се на неоснованоста на тврдењето на Николиќ.
Но, кој бил искрен, а кој не, покажа времето, како и гостувањето во новата емисија на Бошко Јаковљевиќ „Спика и прилика“ кога Маја откри дека сепак била вљубена во починатиот рокер:
– Бора Ѓорѓевиќ и јас се забавувавме тогаш, јас бев на Белградска пролет... – ја започна пејачката својата приказна, на што водителот продолжи:
– Чекај, чекај, сега застани... За оние млади луѓе кои не знаат, го паметам Бора од тој период, беше исклучителен човек – а Сузана Манчиќ додаде дека бил убав како „кукла“.
– Не само прекрасен, туку беше добар како добар ден, многу прекрасен човек, трпелив, смирен, учтив и талентиран – рече Маја и призна дека целиот албум „Кост у грлу“ ѝ го посветил.
Маја Оџаклиевска и Бора Ѓорѓевиќ поминале прекрасен период од својот живот заедно, и иако нивната љубов не беше „за цел живот“, тие се доказ дека дури и по пропаѓањето на романсата, може да се остане во прекрасна врска.
Исто како што таа сè уште зборува со голема љубов и почит за рокерот кој почина на 4 септември претходната година поради опструкција на белите дробови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата