logo
logo
logo

Tips & tricks

Vecer | 12.01.2010

Tips & tricks

Песто сос
При приготвувањето на сосеви за тестенини постојат одредени правила кон кои треба да се придржувате. Она што треба да се има на ум е дека свежо подготвениот песто сос никогаш не треба да се загрева бидејќи босилекот ќе потемни и ќе биде горчлив.

Трик со лукот
Кога лукот се обидувате да го исечете што е можно поситно, тоа најлесно ќе го сторите доколку истиот го посипете со малку сол. На тој начин ќе го спречите лепењето на ножот.

Замена за павлака
Доколку приготвувате јадење во кое треба да се стави кисела павлака која во моментот ја немате при рака, рецептот можете да го замените со измиксирано свежо сирење во кое сте додале лажичка лимон.

За вкусни пуканки
Доколку се одлучите сами да правите пуканки, послужете се со следниот трик. Имено, пред да ги ставите пуканките во загреаното тавче, држете ги извесно време во замрзнувач. Така подобро ќе пукаат и ќе бидат повкусни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk