logo
logo
logo

Tips & tricks

Vecer | 23.12.2009

Tips & tricks

Кога колачот не е печен...
Ако сте го извадиле колачот од печката, а тој се уште не е допечен, не грижете се, не е се пропаднато. Ставете го колачот во сад со ладно мелко, а потоа веднаш вратете го во печка да се допече.

Како додаток за супи и чорби
За да го интензивирате вкусот на чорбата или супата, користете коцкички тост-леб пропржен на масло во кое сте додале малку лук во прав. На крајот од пржењето, посипете ги со оригано.

Како да се истопи зашеќерениот мед
Зашеќерениот мед треба да се топи постепено, така што теглата ќе се стави во млака вода и постепено ќе се загрева. Во спротивно, со наглото загревање медот ќе ги загуби лековитоста, мирисот и вкусот.

Варење спанаќ
При приготвувањето спанаќ и супа од спанаќ во садот каде што се вари, додадете малку сода бикарбона. Садот, притоа, не треба да се поклопува, па спанаќот ќе ја задржи својата зелена боја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk