јајце по подот...
Ако ви се излие јајце по плочките или кујнските елементи, посипете го со кујнска сол и оставете го да стои неколку минути. Потоа соберете го со хартија или салфетка. На овој начин најбрзо ќе го исчистите нередот бидејќи јајцето ќе се "залепи" уште за првото парче хартија и нема да се разлева.
против непријатните мириси
Акоу сакате да ги отстраните мирисите кои се задржале во пластичните садови во кои ја чувате храната, наполнете ги со стуткани хартии од весник. Хартијата до следното утро ќе ги собере сите непријатни мириси.
масло за јадење и чистење
Маслото за јадење може да послужи и како средство за чистење, односно светнување на кожните обувки. Исчистете ги обувките со влажна крпа, ставете неколку капки масло на мека крпа и со неа истријте ги чевлите. Задржете се повеќе на изгребаните места.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата