logo
logo
logo

ФА КУП ФИНАЛЕ: Градските гиганти на „Вембли“ испишуваат историја

Vecer | 03.06.2023

ФА КУП ФИНАЛЕ: Градските гиганти на „Вембли“ испишуваат историја

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити денеска ќе се сретнат во веројатно најочекуваното финале на ФА Купот во последните години. Можеби е само уште еден натпревар, но неговото значење е многу поголемо, особено поради достигнувањето што го брка Сити.

Статусот на Јунајтед како единствен англиски тим кој некогаш стигнал до тројната круна (титула во Премиерлигата, ФА Купот и КЕШ/Лига на шампиони) сега е под закана за израмнување од страна на „граѓаните“, кои веќе ја освоија Премиер лигата, а закажаа уште две финалиња: ова во ФА Купот денеска, и она против Интер во ЛШ на 10 јуни.

Првото големо финале меѓу двата соседа ќе го натера тимот на Пеп Гвардиола да се обиде да ги засили своите амбиции, додека Ерик тен Хаг се надева дека ќе го подигне вториот трофеј во една од најпозитивните сезони на „ѓаволите“ по подолго време. Јунајтед го победи Њукасл Јунајтед во февруари за да го освои пехарот во Лига Купот на Англија, што значи дека победа денеска ќе им донесе историски прв „дубл“ пехари од доамшните купови. Ако Сити денеска слави, ќе стане само третиот клуб кој кој освоил двојна круна во Англија, сметајќи ги Премиерлигата и пехарот од ФА Купот.

Некои од ѕвездите на Сити можно е денеска да останат надвор од комбинација за првиот тим, откако Гвардиола посочи дека Диаз, Де Бруине и Грилиш се меѓу неизвесните за настап. Меѓутоа, не би било изненадувачки и сите тројца да се најдат во стартните 11.

Тен Хег ќе биде без Ентони Марсијал и Лисандро Мартинез, додека бразилското крило Ентони останува неизвесен до последен момент.

Сити го победи Јунајтед со 6-3 оваа сезона во првиот нивен меѓусебен дуел во кој Ерлинг Халанд и Фил Фоден постигнаа по еден хет-трик. Во вториот меч на „Олд Трафорд“, тимот на Тен Хаг ги спречи ривалите да дојдат довтора победа, совладувајќи ги со 2-1.

МОЖНИ СОСТАВИ: 

МАНЧЕСТЕР Ј.: Де Хеа; Ван-Бисака, Варан, Линделоф, Шо; Касемиро, Ериксен; Санчо, Бруно Фернандес, Гарначо; Рашфорд

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Ортега; Вокер, Диаз, Аке; Стоунс, Родри; Бернардо, Де Бруине, Гундоан, Грилиш; Халанд


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk