logo
logo
logo

100 ВОЗАЧИ ОД ЈСП СКОПЈЕ СЕ СЕЛАТ ВО ГЕРМАНИЈА

За месец дена од сега во Мајнц ќе може да речете "МАЈСТОРЕ ЗАДЊААА"

Vecer | 26.09.2023

За месец дена од сега во Мајнц ќе може да речете "МАЈСТОРЕ ЗАДЊААА"

Метежот на скопските улици од 1 октомври 100 возачи од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе го заменат со тој во германскиот град Мајнц.

Според најновите информации до кои дојде Плусинфо, до крајот на неделава возачите на ЈСП ќе заминат за Германија каде што им се ветени многу подобри услови за работа, како и плата петпати поголема од таа што ја земале во јавното претпријатие.

Како што дознава Плусинфо, стоте возачи на ЈСП „Скопје“ пред извесно време потпишале договори со германска компанија во еден скопски хотел. Иако не сакаше да го открие името на новиот работодавец изворот наведува дека ќе бидат ангажирани за една година со можност за продолжување на договорите.

– Најверојатно петок или сабота тргнуваме со колегите за Мајнц. Според договорот, ќе добиваме месечна плата од 2.600 евра и плус дополнително ќе ни се плаќаат екстра саатите кои ќе ги работиме. Компанијата ни вети дека првите два месеца ќе добиеме бесплатно сместување, а потоа најверојатно ќе треба да плаќаме одредена сума околу 200-300 евра – вели изворот.

Целиот текст на ОВОЈ ЛИНК

Фото: ЈСП

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk