logo
logo
logo

НАМЕСТО ДА ЗАСТАНАТ, ДАЛЕ ГАС И ЗАВРШИЈА ВО АПС: Спречен шверц на 65 кг марихуана

Vecer | 04.04.2026

НАМЕСТО ДА ЗАСТАНАТ, ДАЛЕ ГАС И ЗАВРШИЈА ВО АПС: Спречен шверц на 65 кг марихуана

Полицијата вчера пресече транспорт на околу 65 килограми марихуана на автопатот „Пријателство“, во близина на Градско, при акција спроведена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со специјалната единица САЕ „Тигар“. Во операцијата уапсени се две лица, кои биле пренесени во Полициската станица во Велес.

Акцијата се одвивала со поставена заседа долж автопатот, со цел да се спречи нелегална трговија со дрога. На наплатната рампа кај Стоби, полициските службеници забележале сомнително движење на патничко возило „сеат алтеа“ со скопски таблички. Кога му бил даден знак да застане за проверка, возачот нагло забрзал и се обидел да избега во правец на Градско.

По кратка потера, полицијата го запрела возилото и извршила контрола. Зад воланот бил Ф.Н. (38) од Скопје. При претресот, во автомобилот биле пронајдени четири црни торби во кои имало вкупно 65 кеси со растителна материја, со вкупна тежина од околу 65 килограми, како и два мобилни телефони.

Освен Ф.Н., приведен е и Ј.М. (55) од Кавадарци. Двајцата се осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено во член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Кривична пријава против нив ќе биде поднесена до Основното јавно обвинителство во Велес. Запленетата растителна материја, по наредба на јавен обвинител, ќе биде предадена на вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk