logo
logo
logo

Корупција насекаде

Стаса печатот од Вашингтон: МАКЕДОНИЈА Е КОРУМПИРАНА ДРЖАВА

Vecer | 24.07.2021

Стаса печатот од Вашингтон: МАКЕДОНИЈА Е КОРУМПИРАНА ДРЖАВА

Македонија е држава во која владее корупција. Ова со години е констатација на повеќе независни специјалзирани меѓународни институции кои следат степен на корупција, како Транспаренси Интернешнел, и други, како што е и став на јавноста виден во десетици анкети последниве години, а сега печатот стаса и од Вашонгтон.

Имено, Стејт дипартментот констатира дека Македонија е загалвена во корупција, како во судствотото, така и во биз нисот, тендерите од влацата и оптините... насекаде.

И покрај тоа што има сериозни наводи за корупција во власта, во Македонија се гонат политички непослушници и на „ситни риби“ – предупредува американскиот Стејт Департмент во свој извештај.

Стејт Департментот вчера го објави извештајот за инвестициската клима низ светот, кој претходно, наводно по грешка, беше објавен, а потоа набрзина повлечен. Во одново објавениот извештај сепак се задржани истите забелешки за Владата на Зоран Заев и за влошената состојба со корупцијата во земјата.

– Иако законската рамка главно соодветствува на меѓународните стандарди, корупцијата е постојано прашање… Владата генерално ги спроведува законите, но има многу навестувања дека некои функционери се вмешани во коруптивни активности.

Транспаренси Интернешнл ја рангираше Македонија на 111-то место од 180 држави во својот извештај за перцепција за корупцијата за 2020 година, што е пет места полошо во однос на претходната година, и 13 во однос на 2018, пишува во воведот во извештајот.

Во поглавјето за корупција, оценките се уште посериозни.

Законите за борба против корупцијата повремено слабо се применуваат и со нив селективно се гонат критичари на власта и ситни прекршители. Има сериозни обвинувања за корупција во полицијата, судството и во многу други сектори..

ДКСК отвори низа случаи поврзани со корупција, кои се однесуваат на високи функционери од сите делови на политичкиот спектар, кои се обвинети за непотизам и судир на интереси.

Откако Специјалната Обвинителка беше обвинета рекетарство во ноември 2019 година, и откако истече мандатот на Специјалното Јавно Обвинителство, сите случаи на СЈО (кои потекнуваа од големиот скандал со прислушкувани кој откри распространети злоупотреби од поранешни јавни функционери и корупција со јавни тендери) беа префрлени на одделението за организиран криминал на Јавното Обвинителство, пишува во извештајот на Стејт Департментот.

За извештајот на Транспаренси Интернешнл, во кој Македонија беше рангирана на историски најлошото 111-то место, Стејт Департментот вели дека се должи на „отсуство на владини мерки за борба против корупцијата и против конфликтот на интерес во јавната администрација“ и дека „довел до јавно незадоволство и притисок“ да се подобри состојбата.

Во извештајот исто така се посочува дека има чести обвинувања за непотизам во доделувањето на јавните тендери, и дека власта не им обезбедила заштита на невладините организации кои ги истражуваат случаите на корупција.

– Многу компании кои работат во Македонија, вклучително и американски компании, ја посочуваат корупцијата како проблем во доделувањето на јавни тендери и во правосудството, пишува во извештајот, кој е наменет да ги информира странските компании заинтересирани да инвестираат во Македонија.

Во извештајот се критикува и праксата за туркање на закони според скратената постапка „европско знаме“, која не дозволува соодветна дебата.

– Законите не секогаш се подготвуваат врз основа на познавање или проценки, а понекогаш се носат во Собранието со користење на скратената процедура. По изгласувањето, отсуствува спроведување на законите и регулативите и нивна еднаква примена кон сите страни што може да биде проблем за компаниите и за граѓаните, се додава во извештајот од владата на САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk