logo
logo
logo

СИНОТ на заменикот-министер на МВР е шоферот кој со ФЛЕШЕРИ БЕГАШЕ ОД ПОЛИЦИЈАТА која се обиде да го скрие случајот

Vecer | 29.11.2022

СИНОТ на заменикот-министер на МВР е шоферот кој со ФЛЕШЕРИ БЕГАШЕ ОД ПОЛИЦИЈАТА која се обиде да го скрие случајот

Во инцидентот во петокот попладне на периферија на Скопје, син на функционер на МВР бил запрен по бегство од полициска патрола поради нелегално користење флешери, но полицајците го пуштиле со образложение дека „станува збор за службен автомобил на СОЗР“.

Инцидентот за ТВ Телма го потврдиле полициски извори.

Од МВР на прашањето на ТВ Телма одговорија дека ќе го испитаат случајот и доколку се утврди полициско постапување спротивно на законот, полициските службеници кои згрешиле ќе бидат санкционирани.

К.Б., синот на заменик министерот предложен од ДУИ, Назиф Буши, бил забележан од полициска патрола во Чаир како со темно ауди со флешери (ротациони светла на хаубата на автомобилот) се движи побрзо од дозволеното по што го стигнале и побарале да застане. Но возачот со ауди не застанувал по што патролата повикала помош и на крај успеала да го сопре возачот на Качанички пат.

Кога при легитимирањето е откриено дека станува збор за функционерски син, полицајците кои го сопреле преку радио врска јавиле дека станува збор за владино возило од Службата за општи и заеднички работи. Но од централата на СВР Скопје им одговориле дека регистрацијата која ја јавиле (позната на Телма) не припаѓа на службени владини возила туку на приватно ауди.

И покрај се, полицајците од патролата го пуштиле синот на заменик министерот да си замине, но доказите не можеле да се избришат бидејќи радио-комуникацијата на полициските службеници е снимена во согласност со законските прописи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk