logo
logo
logo

Корупција

РАШКОВСКИ СЕ СООЧУВА СО ПРОГОН, истраги за него од сите страни

Vecer | 21.03.2021

РАШКОВСКИ СЕ СООЧУВА СО ПРОГОН, истраги за него од сите страни

Драги Рашковски, поранешен секретар на владата и личен пријател на премиерот Зоран Заев се соочува со повеќе истраги за сериозен криминал, од злоупотреба на службена положба до проневера на државни пари.

Државната комисија за борба против корупција бара истрага против Рашковски за набавки на радарски систем за контролата на летање. Но, тоа не е единстевна истрага со која се соочува Драги Рашковски.

Тој се специјализирал за набавка на софтвери, платени и преплатени барем пет пати повеќе од реалната вредност, кои потоа - не се ни употребувале затоа што се констатирало дека не се ни потребни.  И тоа не е случак само за софтвер, наводно, наменет за потребите на МВР.

Деновиве ќе се отворат нови скандали во кои Рашковски, во соработка со градоначалникот на Скопје Шилегов и министерката Мила Цароска исто така купувал софтвери кои никому не требаат, или се претплатени далеку над реалниот износ. Истото го чека и за софтвер купен во соработка со скандалиозниот поранешен министер Кочо Анѓушев.

Севкупно, овие сомнителни јавни набавки се движат кон износ од два милиони евра! Рашковски е на одмор во Мексико, па се очекува реакција на ЈО веднаш по неговото враќање.

Колку и Јавното обвинителство нескриено да соработува со актуелната влада во прогон на опозцијата заради чистење терен за непречено владеење на СДСМ и ДУИ, овие сомнителни набавки од Драги Рашковски не може да ги сокрие и да поминат без обвинение. Особено затоа шпто СЈО, а сега ЈО, води судски процес за софтвер набавен од ЕЛЕМ кој не е ставен во функција, случај познат под името Тарифа.

До каде е иницијативта на Комсиијата за борба против корупција?

Додека Обвинителство отвори предистрага за случајот со набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци, а Државната комисија за спречување на корупцијата ги чека документите од Владата за да ги утврди фактите, еден друг договор во кој е вклучен Драги Рашковски веќе бил при крај кај антикорупционерите.

Станува збор за договорот со италијанската фирма „Леонардо“ за набавка на радарски системи. Овој договор, вели претседателката Билјана Ивановска останал ист и пред во него да се вклучи поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, но сомнително е доцнењето со исплатата на траншите за кои државата плаќа високи камати. Таа зборува во интервју за Радио слободна Европа.

Обвинителство лани во декември одлучи дека нема основа за гонење на ексгенералниот секретар на Владата Драги Рашковски во предметот за спорниот тендер за набавка на радарски систем за М-НАВ, државна компанија за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија.

На 5 август, лани Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека отвора предмет за јавната набавка за инсталација на радарскиот систем за управување со воздушниот сообраќај и за улогата во оваа набавка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Скандалот изби откако беше објавена снимка на која се слуша како генералниот секретар Рашковски договара детали за проектот вреден над 7 милиони евра и изборот на италијанската фирма „Леонардо".

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk