Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, купил викендица на луксузна локација во Маврово, која ја нема пријавено во анкетниот лист во Државната Комисија за Спречување на Корупцијата – покажуваат документите кои ги објави пораталот Лидер.
Куќата Рашковски ја купува со својата плата како прв административец во владата на СДСМ.
Со истата таа плата и платата која претходно ја имаше како универзитетски професор, според анкетниот лист во ДКСК тој си има купено и стан од 90 квадрати, земјоделско земјиште од 2089 метри квадратни, мотор Kawasaki Ninja, мотор BMW 650 GT, автомобил Волво 760, мотоцикл Хонда Голдвинг и гаража во Скопје.
Практично, Рашковски ја купува оваа куќа само неколку месеци откако Лидер и Експрес го објавија скандалот за барање на провизија во „М-НАВ“, во беа објавени снимки како Рашковски зборува за провизија од италијанската компанија „Леонардо“.
Овој скандал се уште нема судска разрешница, но првиот човек на административците во владата, според документите кои се објавени, веќе почнал да се подновува со имот.
Оцен Скандалот „М-Нав“, Рашковски беше дел и од скандалот за набавка на два хеликоптери.
Купопродажниот договор кој го објави Лидер покажува дека Рашковски ја купил оваа викендица која се наоѓа во близина на мавровското езеро на една од најатрактивните локации во овој крај, во близина на куќата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Само според познатите податоци Драги Рашковски, доскорешниот секретар на владата, кој според владата е на годишен одмор во Мексико, има покажано пари и ново стекнат имот кој ни оддаелку не е соодветен на неговите приходи, а според денешната најава од Јавното обвнителство за гонење организиран криминал се соочува со истрага на набавка на софтвер за амвр кој МВР не го користи, односно не им е потребен и во функција.
Да се потсетиме, за слична набавка на софтвер кој не е ставен во употреба СЈО поднесе обвинение, и во тек е судење на функционери од ЕЛЕМ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата