logo
logo
logo

Вечер Анализа

Пописот на Бугарија и нуди цела база, а ќе ја стави МАКЕДОНИЈА НА ЦРНАТА ЛИСТА

Vecer | 03.03.2021

Пописот на Бугарија и нуди цела база, а ќе ја стави МАКЕДОНИЈА НА ЦРНАТА ЛИСТА

И пред да почне, а особено сега откако почна за дијспората, пописот станува извор на длабоки поделеби во општеството, недоверба во државните институции и скоро извесна можност за темелен фалсификат поради нестручната софтверска база за податоци и аналитика.

Накусо, наместо да решава проблем, самиот попис станува голем проблем сам по себе, а особено потоа.

СИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ - ГИ ИМА БУГАРСКА ФИРМА

Проблемот почнува со политичката одлука за попис по секоја цена, и тоа во време на тешка пандемија, и со најави од функционери и активисти на ДУИ дека на пописот се очекува Албанците да бидат околу 30% од вкупните граѓани во држвава. Во спротивно, тие пописот нема да го признаеле.

Нема баланс, контраодговор, од СДСМ кој е власт во државава.

Потоа, се ангажира фирма која ќе изработи софтвер за пописот. Колку е тоа битно видовме со скандалот околу софтвер за последните избори. Иако, во пракса, за прибирање и анализа на вакви чувствителни информации со темелни податоци за сите граѓани, се ангажира домашна компанија владата реши за пописот да ангажира бугарска фирма -  Scalefocus.

По долго пребарување и истражување, констатираме дека таа бугарска фирма нема објавена референца за  целосна софтверска поддршка за попис. Ова ќе и биде прв ангажман за таа намена, и не јасно ни како, ни зошто токму таа ќе прибира податоци и ќе прави анализи за пописот освен, ако одлуката не е политичка.

Дополнително, не е јасно зошто назив, бренд на бугарската фирма се појавува на официјален сајт на македонската влада што е недозвиоливо. Пописот го прави владата, која софтверот го платила, преку Заводот за статистика, а не бугарската фирма која себе се истакнува за автор и се промовира на државен сајт. Тоа е корупција сама по себе за што Заводот за статистика мора да сноси одговорност.

Фирмата има седиште во Бугарија, и одговорност пред бугарските власти. Таа бугарска фирма ќе ги има сите, до најситен детал, податоци за македонските граѓани во земјата но, и во странство: бројност, имотна состојба, матични бриеви, телефонски и мејл контакти, здравествени карактеристики, етничка и верска припадност... Бугарите ќе имаат во свои раце детална база на податоци за Македонците надвор од македонска државна контрола.

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ  ЛЕСНО ДА ВЛЕЗЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НЕДЕМОКРАТСКИ ДРЖАВИ

Дека бугарската фирма е аматерска компанија за вакви задачи се докажа уште првиот ден. Лаици, со употреба на VPN сервис, апликација, покажаа дека може со лесна измена на ИП адресата и државата од која телефонот или компјутерот се поврзува на Интернет, граѓани од Македонија да се запишуваат на пописот како да се иселенеци низ Европа и светот. Бугарскиот софтвер на Заводот за статистика да препознава дека се јавуваат и попишуваат од Германија, Австралија... а не од Македонија.

Ова, дополнително, покажува дека процесот на попис е надвор од контрола.

Наместо запирање на пописот и барање одговорност од бугарската фирма заради несоодветно изработен и продаден софтвер, двајцата директори од Заводот за статистика се заканија дека ќе има кривична одговорност за граѓани кои користат VPN сервис заради, според нив, лажно претставување, со заканета затворска казна од три години!

Се заканија истите директори, на истата државна институција, која спроведува попис со прифаќање фотокопии наместо документи, во кој попис друг (тие го нарекуваат “глава на семејството“ како да сме во среден век) кажува податоци за попис за трето лице на жими мајка, но за користење VPN ќе се одело во затвор.

Патем, тие констатирале дека досега шест лица користеле VPN сервис за пријавување на пописот. Тоа е ноторна лага и блеф, заплашување од Заводот за статистика и властите, и можност за злоупотреба во која може да настрада некој невин заради нивното незнаење и незнаење на бугарската фирма која им го продала софтверот. Зошто?

Било која од реномираните фирми, провајдери, кои продаваат VPN сервис како NordVPN, Express VPN, Surfshark, VyprVPN, Protonг... не чуваат и немаат податоци кој и кога ја користел нивната услуга. Прво, затоа што не користат хард дискови за податоци од корисните туку РАМ меморија од која се бришат податоците секогаш штом корисникот ќе се одјави, а второ затоа што некои од нив користат ланец од сервери каде податоците за корисникот одат од еден на друг сервер со менување на ИП адресата и ДНС податоците.

Најпосоле, за да докажете дека некое конкретно лице навистина коритело VPN за одредена намена тоа мора да ви го потврди VPN провајдерот а никој, од реномитраните, тие податоци нема да ги даде до македонската полиција дури и да ги има, затоа што во VPN заедницата секоа барање од полиција и истражни органи за добивање податоци за некое лице се регистрира и јавно објавува, а недавањето е плус за реномето на VPN провајдерот.

А ако сака полицијата и истрагата некого да гони без обезбедени докази, тое е веќе друга приказна, многу пати видена последниве години во Македонија.

Со тоа властите ја туркаат државата да се најде на црната листа нeдемократски држави ко кои употреба на VPN апликации и сервис може да претставува казниво, кривично дело. А такви држaви во светот се само неколку: Кривични прогони за употреба на VPN има сaмo во Кина, Сееверна Кореа, Турција, Русија, Сауди Арабија и Белорусија. Тоа е списокот на кој ќе му се придружи и Македонија после првата казна за употреба на VPN.

Глобални, моќни и добро информирани организации кои се грижат за човековите права како Фридом хаус, Амнести интернешнел и десетина други казнувањето за употреба на VPN го сметаат за сериозно нарушување на основните човекови слободи и права во делот на приватноста, и тоа битно влијае на рангот на државите во таа смисла. Затоа, ниедна од моќните демократски држави никого не казнила за употреба на VPN, особено не затоа што на тој начин извршил кривично дело - лажно претставување! на што се повикува македонската власт.

Деновиве Фрдом хаус објави извештај дека Македонија е во групата на “делумно слободни земји“, а по овие изјави и најави за затвори заради користење VPN рангирањето може да биде и уште полошо доколку некоја група се оргнизра и го објави случајот со добро образложение до Фридом хаус или кај слични меѓународни организации.

Човек се претставува себе со свои лични, деловни и статусни податоци, а на со своја ИП адреса која во исто време, под ист број, ја користат иљадници други врзани на интернет мрежата. Колкава глупост кажаа директорите од Заводот за статистика се гледа од прашањето: а што ако се пријави на пописот од туѓ телефон или компјутер, ќе одговараат ли двајцата?

Пописот, така, е уште една прилика да се види во која тиња е заглавена Македонија, и тука да се доживуваат нешпта кои никаде на друго место низ Европа не може да ги видите, и сето тоа како резултат на длбоко политичко незнаење, корупција и манипулации за да се остварат однапред зацртани политички интереси и цели.

ШТО Е ТОА VPN

VPN - Виртуелна приватна мрежа. Без подлабоки анализи, за да разбере просечен читател, тоа е мрежен сервис кој некогаш беше во функција само за деловни намени, во рамки на една фирма, институција или здружена група да може да се комуницира брзо и безбедно во тој затворен систем било да сте на работа, дома или на одмор.

Сега системот е широко достапен во комерцијални цели, може да го има секој. Има бесплатен, кој не е добар и сигурен и полн е со реклами, а податоците се собираат и продаваат на агенции за маркетинг, и платен без тие ризици. Бидејќи не е скап, цените се од 50 до 100 долари за година дена, се користи масовно.

Работата е во тоа што вие, како корисник, преку ваша апликацијс купена од провајдерот, можете да одберете било која држава во светот од која,виртуелно, се појавувате во мрежата на интерент. Па така, иако сте во Македонија и вашиот телефон или компјутер има своја лична ИП адреса дадена од Телеком Скопје, вас во интернет мрежата ве гледаат и препознаваат како да сте со друга ИП адреса, и од Франција, на пример.

Патем, ако сте кај добар провајдер, освен идентитетот на мрежата заштитени ви се и податоците кои одат преку интеренет како телефонскии разговор, мејлови, што пребарувате и читате по интернет, и друг вид комуникација затоа што податоците се криптирани и замаскирани. Под иста ИП адреса работат стотици корисници во исто време и никој не може да оддели кој од нив што прави на интернет.

Барајте провајдер кој во понудата има т.н. “обфускејшн“ услуга, или замаглување на содржината на интеренет комуникацијата. Податоци за сите имате на повеќе места, за почеток тргнете од proprivacy.com или top10vpn.com.

Оваа услуга е масовна кај новинари, бизнисмени, политчари на кои им е важна приватноста на разговроот а особено во држави каде се практикува интернет следење и прислушкување но, и кај младите.

Со VPN вие од Македонија можете да се приклучите на Нетфликс за американски пазар кој има многу повеќе филмови отколку Нетфликс за македонски пазар, Можете да избегнете блокирана интеренет упоотреба на факултет, во хотел, аеродром или било каде со избор на друга ИП адреса или друга држава.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk