Над две третини или 69,7% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија на македонската политичка сцена. Додека од оние кои се изјасниле, во Христијан Мицкоски доверба имаат 12,3%, во Димитар Ковачевски 3,5%, во Димитар Апасиев 3,1% и во Али Ахмети 3,7% од испитаниците.

Споредено со резултатите од истражувањето во јуни и февруари годинава, се забележува 12 процентно  зголемување на делот од испитаниците кои немаат доверба во ниту еден лидер на партија, благо зголемување на довербата во Христијан Мицкоски за 1% и значително намалување на довербата во Димитар Ковачевски од 8,2% во февруари до 3,5% во септември 2023.