logo
logo
logo

Непотизмот и корупцијата на најјако: СЕ БАРА МАСЕР ЗА СОВЕТНИК ВО ВЛАДА!

Vecer | 17.02.2021

Непотизмот и корупцијата на најјако: СЕ БАРА МАСЕР ЗА СОВЕТНИК ВО ВЛАДА!

Не поминува месец а од некоја стручна европска институција, или од владите на САД и влијателните држави во ЕУ, да нема опомена за Македонија за корупција и непотизам. Се чини дека тоа не дава ефект, еве најнов пример каде се бара масер да биде советник во влада.

Владата на Република Македонија објави оглас за ново работно место, за кое се нуди плата од 36.000 денари, а од апликантите се бара најмалку 16 години работно искуство. Она што привлече најмногу внимание е тоа што од кандидатот се бара да има завршено Кинезиологија.

(Кинезиологија: Наука за вежбање, движење, масажи и влијание на тоа врз човекот. Уште старите Грци го увидуваат значењето на физичкото воспитание и настојуваат, со сите средства децата на робовладетелите да ги развијат во снажни и издржливи војници и добри управувачи, се обрнувало големо внимание на хармонскиот развиток на сите физички и психички способности на човекот - Wikipedia)

Освен тие кои се образувале за да бидат професионални масери, во предвид ќе се земат и апликантите со економски и политички науки.

Кинезилогоијата инаку е наука за движење на човековото тело.

Во последно време се повеќе се објавуваат огласи за вработување во државна и јавна администрација во кои се наведуваат услови кои може да ги исполни веќе претходно избран кандидат.

Последно Фондот за здравствено осигурување пред 6 дена објави јавен конкурс за вработување на советник за административна поддршка на директорот на институцијата.

Во делот посебни услови кои треба да ги поседува кандидатот, во огласот е наведено дека треба да поседува „ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент)“.

Согласно годишниот план на институцијата за 2020 година, пак, предвидено е вработување на еден Албанец или Албанка. Платата изнесува 34.448,00 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk