logo
logo
logo

Мицкоски: Додека јас сум претседател нема да се смени Уставот, за да бидат бугарските барања дел од него

Vecer | 18.06.2022

Мицкоски: Додека јас сум претседател нема да се смени Уставот, за да бидат бугарските барања дел од него

На вечерашниот голем протест на ВМРО ДПМНЕ пред Владата, Мицкоски упати порака до официјална Софија.

Една порака и до официјална Софија, наместо да нѐ поддржувате како соседи, вие не блокирате и неповратно ги оддалечувате нашите два народи, македонскиот и бугарскиот. Наместо да нѐ поддржувате, вие нѐ сопирате, тоа ли се добрососедски односи. Наместо да дојдете овде во Скопје и да клекнете и да се извините за злоделата кои што сте ги направиле овде врз овој народ за време на фашистичката окупација во Втората Светска Војна, вие сакате да ни ја ретуширате историјата. Тоа не се европски вредности и тоа нема никаква врска со Европа. И тоа нема никаква врска со тие вредности за кои што сме се бореле од самото формирање на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е она кое што секој еден од нас го мачи, го тишти. И сакам уште еднашка да бидам јасен, 80 пратеника, 2/3 менуваат Устав, а тоа и зависи од ВМРО-ДПМНЕ. Додека јас сум претседател нема да се смени Уставот, за да бидат бугарските барања дел од него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk