logo
logo
logo

НЕ ИМ СЕ ПИШУВА ДОБРО:

Кој се од КВАЗИ политичарите ќе се најде на „ЦРНАТА ЛИСТА“ на Бајден, први Курти и Османи

Vecer | 10.06.2021

Кој се од КВАЗИ политичарите ќе се најде на „ЦРНАТА ЛИСТА“ на Бајден, први Курти и Османи

Аналитичарот Шкељзен Гаши смета дека декретот на американскиот претседател Џо Бајден за проширувањето на вонредните мерки на Западен Балкан би можел да има последици по косовските политички лидери, пренесуваат медиумите.

Гаши наведува дека косовските политички лидери би можеле да трпат последици доколку не ги почитуваат меѓународно потпишаните спогодби и преземени обврски.

- Можни се последици за оние кои денес управуваат со Косово, иако не се замешани во кршењето на човековите права или воените злосторства, а ниту претседателката, претседателот на парламентот ни премиерот не се замешани во скандали со корупција. Но во случај да не ја потпишат спогодбата која е биде понудена за време на преговарачкиот прцес и ги прекрша спогодбите кои се потпишани, тогаш самите можат да сносат последици, рекол Гаши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk