logo
logo
logo

Пари нема, исчезнуваат

Истражување: Корупцијата напредува, 11 МИЛИОНИ ЕВРА ПОТРОШЕНИ БЕЗ ТЕНЕДР!

Vecer | 23.03.2021

Истражување: Корупцијата напредува, 11 МИЛИОНИ ЕВРА ПОТРОШЕНИ БЕЗ ТЕНЕДР!

Корупцијата напредува, поголема е и од рекордната - од минатата година.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) редовно го мониторира и го анализира спроведувањето на јавните набавки во земјава, почнувајќи од 2008 година, од кога се применува Законот за јавните набавки изработен според Директивите на Европската комисија.

Целта е да се оцени дали и во колкава мера државните институции ги почитуваат основните принципи во трошењето на јавните пари, а стипулирани и во самиот закон – конкуренција меѓу фирмите, нивен еднаков третман и недискриминација, транспарентност и интегритет при спроведување на постапките и рационално и ефикасно искористување на парите.

Предмет на мониторингот на ЦГК се набавките што ги спроведуваат сите државни институции во земјава, како на ниво на централна така и на локална власт. Изборот на примерокот се прави за време на објавувањето на набавките на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и во „Службен весник на РСМ“.

Клучни наоди

» Институциите не практикуваат консултации со бизнис-секторот во насока на по добрување на тендерските документации, а со тоа и на самиот процес на јавните набавки. Во првото полугодие од 2020 година, објавени се повици за технички дијалог само за 1,4 % од тендерите.

Притоа, и во овој симболичен процес на консултации се забележани пропусти.

» Институциите не ги почитуваат законски предвидените рокови за донесување одлуки во постапките, како и за доставување на известувањата за склучен договор и за реализиран договор до Електронскиот систем за јавни набавки.

» Во првото полугодие од 2020 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 11 милиони евра, што е за 14,58 % повеќе од истиот период претходната година.

» Поништувањата на тендерите во првото полугодие од 2020 година бележат раст во однос на истиот период претходната година и изнесуваат 27 %. Доминантен дел од тендерите се целосно поништени. Најголем број на поништувања имале АД Електрани, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.

» На секој трет тендер е доставенa една или ниту една понуда. Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2020 година упатува на минимално подобрување во однос на истиот период 2019 година, но влошување во однос на цела 2019 година.

» `Најниската цена е користена како критериум за избор на најповолна понуда во 96 % од спроведените тендери во првото полугодие од 2020 година, со што е задржан неповолниот тренд од претходната година.

Оправдан е сомнежот дека со толку големата примена на критериумот ’најниска цена‘ се доведуваат во пра-

шање начелата на економичност, ефикасност и ефективност на јавните средства.

» Електронската аукција е користена во дури 92 % од тендерите, со што се овозможува и натаму да бидат широко распространети манипулациите што таа ги генерира во јавните набавки.

» Проценетата вредност на тендерите не се објавува јавно, а понудувачите доставуваат понуди што се симптоматично блиску до проценетата вредност на тендерите.

» На локално ниво, често се забележува непочитување на Законот за јавните набавки и грешки во тендерските документации. Се подобрува конкуренцијата на локалните тендери, но има бројни примери на нејзино ограничување, пред сè преку техничките спецификации. Поништени се една четвртина од тендерите, но иако процентот се намалува, тој сепак е се уште висок.

’Најниската цена‘ и натаму е единствен критериум за избор на најповолната понуда на тендерите, со што не се користи законската можност за земање предвид и на квалитетот на набавките.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk