logo
logo
logo

Вечер Тема

ЕУ против Русија: Долга, исцрпувачка војна со непозната разрешница

Vecer | 23.03.2022

ЕУ против Русија: Долга, исцрпувачка војна со непозната разрешница

Единството на Европската унија кога е во прашање воведувањето и спроведувањето на нови санкции врз Русија поради инвазијата на Украина ќе биде ставено на сериозен тест за време на самитот на земјите-членки на ЕУ кој ќе се одржат на 25 март. Единството на ЕУ ќе зависи од економските и финансиски потреби на земјите членки, што не е политичко прашање околу кои многу полесно е договарањето, отколку околу економијата која е егзистенција за граѓаните на европските држави членки, а секоја власт зависи од вољата и интересите на сопствените граѓани.

“ЕУ не е уморна“

Откако ЕУ покажа завидно единство во воведувањето на санкции против властите во Москва и државата Русија (и Белорусија), кои се досега незабележани во историјата, во Брисел веќе се поставуваат прашања кои санкции треба да бидат следни.

Како што го пренесуваат европските медиуми, поединечните земји, како што се Германија, испраќаат колебливи сигнали дека се подготвени за воведување нови санкции кон Русија, бидејжи канцеларот Шолц во тек на неколку дена дава различни изјави дали Германија ќе запре секаков увоз на руска нафта и гас, или тој дел од тровијата нема да биде поддржан за санкции.

Има други европски држави кои се порадикални по тоа прапање. Полска и Балтичките држави, не сакаат да го изгубат моментумот  кој Москва може да го толкува како слабост на ЕУ, и бараат тотални санкции и прекин на секаква трговија со Русија и Белорусија сега, и веднаш.

- Европа не смее да остави впечаток на замор се додека војната во Украина не заврши - вели Gabrijelijus Landzbergis, литвански министер за надворешни работи, и додава:

- Ние не се уморни од воведување санкции.

Досега, членките на ЕУ не успеаја да се согласат дали следниот чекор би бил да се воведе европска забрана за увоз на руска нафта, што го бараат Полска и трите балтички држави.

"Ние секогаш треба да гледаме напред, кон следните чекори, и да арзгледуваме опции за нови можни санкции", вели Јепе Кофод, шеф на данската дипломатија.

Некои други европски држави се по воздржани, пред се заради високата економска цена која, заради санакциите, треба да ја платат нивните компании и граѓани и бараат поспоро воведување санкции кон Русија и Белорусија за да се има време за адаптација на новите услови, а и за да се остави некоја фаза на сакнциите за подоцна, доколку војната во Украина ескалира.

Не е тајна дека Унгарија е една од земјите кои се спротивставуваат на воведувањето на тоталнисанкци сега и веднаш кон Русија, пред се околу увозот на извори на енергија. Унгарскиот шеф дипломатијата Питер Сијарто предупредува дека воведувањето на санкциите за руската нафта и гас е мач со две страни, и дека воведувањето на зона за забранети летови над Украина воено гледано е многу ризично, и може да доведе до ширење на конфликтот.

Ќе трае со години?

- Унгарија нема да го поддржи воведувањето на санкции за рускиот гас и нафта, бидејќи ќе им наштети на нашите, унгарски интереси. Прашањето за енергетика не е прашање на идеологија. Никакви санкции кои можат да го загрозат унгарскиот енергетски сектор нема да поддржиме - рече Сијарто.

Трговска размена меѓу ЕУ и Русија, прикажана во графикните подолу, покажува дека ЕУ е најголем трговски партнер на Русија а дека Русија, од своја страна, со 4,8% учество во вкупниот европски увоз е сепак најголем европски добавувач на енергија, руди, метали и металуршки производи неопходни за развиената европска индустрија, Со еден збор, речиси е невозможно да се нареди тотално запирање на меѓусебната трговија, а индустријата во ЕУ која е зависка од руските суровини да продолжи со сегашното ниво на развој, и граѓаните и фирмите да плаќаат сегашна, одржлива цена за нафта, бензини и гас.

Русија повеќе извезува во ЕУ отколку што увезува. Увозот им е околу 80 милијради евра, а извзот околу 95. За споредба, годинава, Русија со Кина ќе има планирана трговска размена од 250 милијарди евра, или повеќе.

Ситуацијата за ЕУ долопнително се комплицира бидејќи Украина, која е голем извозник на житарици и сончогледово масло во ЕУ е во војна, не е во можност да ги испорача претходните количества, а за тоа време ЕУ ги троши своите фондови наместо за сопствен развој и санации од ковид кризата со давање големи пари за помош на украинската војска и администрација, плус покачување на трошоците за одбрана.

ЕУ од Русија увезува 40 отсто од своите потреби за гас и околу 30 проценти од нејзините потреби за сурова нафта. Должината и исходот на војната се далеку од предвидливите термини, а земјите-членки на ЕУ имаат на ум дека санкциите можат да траат со години, што е дополнителен проблем, бидејќи е невозможно да се најде замена за руската енергија за следната зима.

Хрватскиот портал Јутарњи лист во своја анализа насловена: “Уште сега се гледа дека санкциите на Западот, за жал, се пукање во празно“, наведува дека според врвната светска финансиска институција Голдман и Сакс од САД, “Путин ќе ги преживее санкциите“.

Паралелно со санкциите се случува финансиски процес кој е исклучително опасен за фиансискиот систем на САД и стабилноста на доларот, но и на Еврото.

Имено, околу 60% од светската размена во трговијата се книжи и реалзира во американски долари кои, на тој начин, имаат голема побарувачка на пазарот на финансии, и се одржува неговата стабилност. По санкциите, големи држави и пазари како Русија, Кина и Индија се договорија нивната меѓусебна трговска размена да се пресметува во локални валути: руски рубљи, кинески јуани и индиски рупии, што го исклучува доларот од фиансискиот пазар, и станува закана за неговата стабилност.

Рускиот претседател Путин денес даде наредба, во рок од недела дена, рускиот гас и нафатата на државите во ЕУ, како и во Британија, САД, Австралија и Канада да се продава - во руски рубљи, доларите и еврата не му требаат веќе бидејќи се врти кон Кина и Индија, каде ќе плаќа и продава во локална валута, а ќе ги натера државите во ЕУ да купуваат рубљи на финансискиот пазар за да и платат на Русија за гасот и нафтата и, со тоа, да ја вратат руската национална банка на светската финансиска сцена од која ја исклучија со санкциите!

Останува да с есочека дали ЕУ, со консензус кој е обврзувачку, деновиве ќе забрани, запре целосен увоз на руска нафта и гас и со тоа да ја го зибегне овој нов аменвар од Москва, или секој во ЕУ, по прашање на енергенсите, ќе носи сопствена одлука.

Очигледно, војната во Украина ќе трае долго, многу подолго од предвидувањата на Западот, и следи долга битка на меѓусебно исцрпување и бројни соcијални, финансиски и економски жртви од двете страни.

Vecer.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk