Колку доживотни казни има во штетниот договор со Бехтел и Енка досега? Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ на брифинг денеска презентираше суштински делови од договорот со Бехтел и Енка, кои од потпишувањето до денес, и нанеле штета на Македонија и на граѓаните во висина од 300 милиони евра. Ваков дил им е нуден на сите макмедонски влади уште од 1999 година, посочија од партијата.
Прво, владата преземала обврска за исплата на 50 милиони евра аванс на изведувачот 45 дена од потпишување на договорот.
Контрактор естаблишмент пејмент - сума која треба да му се исплати на изведувачот по основ на подготовка на градилиште и припремни работи е 117 мил евра.
Од оваа сума, 87 милиони се исплаќаат 14 дена по потпишување на договорот, а останатите 30 милиони евра се исплаќаат 45 дена по потпишување на договорот. Тоа не значи дека ќе работат багерите, нема копање, нема мерење.
Тоа се 167 милиони евра кои се презмени како обврска да се исплатат до 22 април, почнувајќи од 8 март кога почнуваат да течат договорите.
Понатаму, капитал индајеркт кост - менаџирање на проектот, месечно се исплаќаат 2 милиони 929 илјади евра.
Ако ја додадеме на претходните, треба да се исплатат 172 милиони евра до април оврски на државата кон изведувачот.
Пенали - државата презела оврска дека ќе го смени Законот за работни односи и наместо 40 ќе биде 60 работни часа работната недела. Изведувачот има право времетраењето на завршување на делниците има право да го продолжи минимум 6 месеци (не до 6 месеци). Истовремено државата треба да плати пенали по 3 основи:
- минимум 53 милиони евра кои ќе бидат доддаени на сумата од 117 милиони евра (сума која треба да ја плати државата за подготовка на градилиште) во рок од 14 календарски дена по завршѓивање на 45 дена од потпишување на договорот (6 мај е краен датум за овие 53 милиони евра)
-секој месец минимум 1.265.000 евра кои се додаваат на капитал индајрект кост за менаџирање на проектот = 4.185.000 евра. Се плаќаат секој месец до завршување на проектот, и ако треба да трае 57 месеци, минум 6 месеци ќе се продолжи = 63 месеци = околу 75 милиони евра + 53 мил евра = 120-30 милиони евра по основ на пенали независно дали ќе го смениме законот за работни односи.
-900.000 евра секој месец за непредвидени трошоци бидејќи не е сменете законот за работни односи, а кога ќе се смени - државата ќе нема обврска.
-Имаме повеќе од 300 милиони обврски уште лопата не фрлена од потпишување на договорот.
Нема информација дали се платени, но според договорот мора да се платат.
Како дошле до цена од 1.300.000.000 евра?
Дадена е во делот 10 од Договорот (приближни трошоци) и дадени се 91 ставка на единечни цени.
Во делот 16 се ставки за кои нема цена а се дел од проектот. На пример: реалокација и заштита на посточеки објекти (еве на пример бандера - најголем дел се дивоградби, најпрво треба . Систем за телекомуникација, заштита од звук, системот на управување на сообраќај, наплатни патарини не се дел од сумата, не е електрификација на автопатот, студијата за влијание врз животна средина не е дел од оваа сума, осветлување на автопатот, осветлување на тунел, противпожарна заштита во тунели.
До овој момент тоа што е потпишано не е дел од 1,3 милијарди евра, будејќи експропријацијата не е ставена во сумата.
Ако 350 милиони е експропријацијата на земјиштето, ова најмалку 30% поскап проект, 2,2 до 3 милијарди евра.
Околу цените, беа презенирани како примери две цени - на 130 страна е дадена цена за површински ископ 5,36 метар кубен. Во таа цена е вклучен транспорт до 3 км. За секој нареден 0,17 евра за км по тон = 7,4 евра по км.
Гранит за истово работи за цена од 2,33 евра по метар кубен за патот од Блаце до село Блаце.
Во договорот со Бехтел и Енка подповршински ископ ќе лини 8,95 евра м3, Гранит за истово 4 евра за метар кубен.
Можат да прават измени во закони, дале предлог за измени на 9 закони за да се забрза проектот, па така пратениците, кои досега официјално не го добиле договорот, предлагаат сериозни законски измени во Парламентот.
Па така, предложени се измени во Закон за градење да се гради без одобрение, дозвола за градба - измените ги предлагаат пратениците кои по професија се: психолог, доктор, филозоф, правник, професор по физичко...
Овие измени не ги носат во владата, туку владата им вели да ги изменат во Собранието од пратениците. Ако правилата се сменети, може да се распише нов повик на кој може да се пријават нови американски, германски, британски и конзорциум од Македонија, за иградба на автопатот кон Блаце, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
“Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ниту во Собрание ниту во Комисиите не гласале за законот за стратешко инвестирање со Бехтел и Енка“, посочија од партијата.
“Ова е должничко ропство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Што ќе правиме ние како држава, и да одиме на арбитража ќе плаќаме милијарди, ако не одиме не може да се заврши на овој начин, прашуваат од партијата. Помала штета е да се изгради, но ако се гради по нормални рокови и без законските измени кои се буткаат на сила. Со овие законски измени се дерогира Уставот и институциите, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.
Цените се минимум два до 4 пати повисоки од нормалните и потребните.
Во договорот никаде не стои дека е државна, деловна или каква било тајна.
“Проектот на Актор 5,5 до 6 милиони евра за Демир Капија-Смоквица. Синхидро 8-9 милиони Кичево Охрид. Овој проект е преку 20 милиони евра по километар“, компарираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако треба да се оди на арбитража, тогаш во Париз и ќе врши по правилата на меѓународната стопанска комора, според законот на Англија и Велс, а не по македонското позитивно право.
Нема добра работа во договорот, тој е нуден и на други претходни влади уште од 1999 година, а со него работата е или -или.
Никој не е против градење, но не на овој начин, велат.
На брифингот присуствуваа лидерот на партијата Христијан Мицкоски, потпретседателот Владо Мисајловски и повеќе од половина членови на Извршиот комитет на партијата.
Фото: Влада на Македонија
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата