logo
logo
logo

“Ќе има РЕВИЗИЈА НА ПОЛИТИЧКИТЕ СУДЕЊА од оваа власт“

Vecer | 13.02.2021

“Ќе има РЕВИЗИЈА НА ПОЛИТИЧКИТЕ СУДЕЊА од оваа власт“

Иако во јавноста се очекуваше поинаков исход, Апелација практично ги потврди тешките затвориски казни за луѓето кои протестираа во Собранието на 24 април, со мали намалувања на годините пресудени за затвор. Сезоната на политички судења и тешки затворски пресуди - продолжува.

Имаме заробено обвинителство каде се диктираат обвиненија, и тоа не само за 27.април туку и за други обвиненија кои што служат за политички прогон – вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше вчерашната одлука на Апелациониот суд во Скопје да ја потврди затворската казна за учесниците во 27.април, односно да ја намали за само една година.

Мицкоски најави ревизија на судските процеси по промената на власта, но не на начин на кој тоа сега го прави СДСМ, туку таквата ревизија би ја правеле колеги на „заробените обвинители и судии“ како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Имаме судство кое функционира по диктат, односно, како владетелот – во случајот Зоран Заев и СДСМ ќе им издиктираат такви пресуди се носат. Ако сето ова го сумираме и го анализираме, тогаш доаѓаме до заклучокот дека сме хибриден режим, заклучува Мицкоски.

– Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, сите овие издиктирани обвиненија, сите овие нарачани судски пресуди ќе ги ревидира и врз основа на таа ревизија, која што ќе ја прават колеги судии и обвинители но кои што биле чесни и не потклекнале на диктатите и нарачките на Зоран Заев и оваа власт ќе бидат практично предмет на постапка. Сите оние судии кои ги прифатиле овие диктати и судски нарачани пресуди ќе бидат соодветно, согласно законите и Уставот санкционирани – констатира Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk