logo
logo
logo

ДЕТАЛЕН ПЛАН: Како граѓаните и бизнисот да ја преживеат ЕНЕРГЕТСКАТА КАТАКЛИЗМА

Vecer | 29.09.2022

ДЕТАЛЕН ПЛАН: Како граѓаните и бизнисот да ја преживеат ЕНЕРГЕТСКАТА КАТАКЛИЗМА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски презентираше план за набавка за гас и мазут, по цени кои нема да доведат зголемување на сметките на граѓаните и кои стопанството може да ги плати.

На денешниот брифинг, Мицкоски објасни што претходело на вчерашната понуда за обебзедување енергенски за стопанството, по 2 неделни интензивни средби со бизнис заедницата, со Бранко Азески од СКМ и со ССКМ, а претходно и со комората на СКСЗМ.

-Коморите сериозно се исплашени за финансиската кондиција на компаниите, и ако не се направи нешто, ќе се соочат со затворање и одлив на кадар, но и тешко рестартирање, поодчи Мицкоски.

Главен проблем-високи сметки за струја на слободен пазар.

Мицкоски објасни дека можното сценарио на владата беше да работат 3 блока на РЕК Битола, да работи 1 блок на Осломеј, две турбини во ТЕЦ Неготино, и ова би било доволно да се задоволат потрошувачите на ЕВН хоум, односно домаќинствата.

-Никој не води сметка за индустрија која се снабдува со струја на слободен пазар, многу компании престанаа со производство, ќе влијае на пад на извозот и БДП, ќе останеме без неколку милијарди евра, посочи Мицкоски.

Според информациите, ФЕНИ донеле одлука да ја угаснат печката, која од јуни е на производен минимум. Ги исчистиле и последните количини никел на дното. Работниците одат на принуден одмор со 70% примања, а потоа и како технолошки вишок, заради струјата.

Бучим, официјално прави ремонт, а неофицијално се пред затворање (тоа е економска штета од половина милијарда евра)

Макстил работи само со Валавница, а не се знае до кога (загуба од околу 100 милиони евра)

Злетово и Тораница се во најава за затворање, а до крајот на годината и САСА.

Имаји го сето ова во предвид, а мазутот кој доаѓа во Неготивно е по високи цени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предлага:

-Сите расположиви сили да ги ставиме во функција да добиеме индикации од наши пријатели во западна Европа да обезбедиме ресурс за овие два комбинати (ТЕТО и ТЕЦ Неготино), со тоа што ТЕЦ Неготино е предвидена за струја на ЕВН хоум, да предложиме прозводството од ТЕЦ да биде компелтно за бизнис заедницата тоа се 160-180 мегавати, од 1 октомври 2022 до крајот на март 2023.

-За ТЕЦ потребни се 200.000 тони мазут. Потенцијалот на владата не е да обезбеди толкави количини. Обезбедивме ресурс по цена поефтна од таа што ја купува ТЕЦ Неготино. Цели 40 милиони евра ќе чинат овие 200.000 тони мазут, по 200 евра пониска цела од сега што ја плаќа на берза ТЕЦ. Дали ТЕЦ ќе работи со една или две турбини цената е = 150-190 евра што е два пати поефтино од Купекс цените на берзата, за месеци кои се најкритични. Најспакиот месец е ноевмри, а сега се 400 евра цените, објасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако бизнисот го користи ТЕЦ, државата останува без тој капацитет, посочи Мицкоски.

-Побаран е и гас, кој во Македонија само преку една точка Жидилово, Крива Паланка. Секој кубен метар кој минува од таму, мора да дозволи Гаспром. За да нема директна комуникација со Гаспром која ја немаме, швајцарски, германски, чешки пријатели, тие се подготвени да донесат гас доволно (250.000.000 кубни) потребни да работи ТЕТО во овие 6 месеци, да ги замени количините од ТЕЦ, а нус производ на таа струја е топлината, која ќе ги задоволни половина од потребите во Скопје, а другата половона ќе се обезбеди од топланите на БЕГ.

Цената ќе биде меѓу 207 и 219 евра, ако топлината е бесплатна, што ќе значи дека нема зголемување на сметки и ќе има обезбедена топлина за граѓаните.

Ќе бидат заштетедени 300 милиони евра, по цена од таа што е на берза во моментов. Скопјани нема да добијат повисоки сметки за парно, а бизнисот ќе може да опстане, да се зачуваат илјадници работни места, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски порача дека потребно е брзо да се реагира, оваа недела, бидејќи ова се однесува за месец октовмри, а за ноември ќе биде друга приказна.

-Имајќи ја предвид состојбата кај Северен тек 2, сите во ЕУ се буткаат во Јужен ли турски тек, нема друг начин и други количини, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој напомена дека Македонија плаќа најскапа цена на струја во цел регион, а дека оваа енергетска криза се претвора во финансиска.

Мицкоски посочи и дека  тоа што се слушна од Ковачевски не кореспондира со суштината, на тоа што треба да се случи, особено во делот на топланите, производните капацитети кои произведуваат топлина за објектите на централно греење.

Кога се обиде да го парафразира барањето на ВМРО-ДПМНЕ кое претходно го кажавме и денеска го поднесовме во Собрание по итна постапка, а тоа е измени во Законот за енергетика каде што сите јавни претпријатија кои вршат јавна дејност од областа на водостопанство и комунална дејност, како и објектите од образованието и здравството да бидат од слободен на регулиран пазар.

Ова се бара за да не плаќаат повисока цена на електрична енергија 2 до 3 пати поголема од моменталната и да не падне на грбот на граѓаните и стопанството.

Тоа што го кажа Ковачевски е спротивно од ова што го бараме, вика дека ќе прифатат од објектите за здравството и образование, но нема за јавните претпријатија кои вршат комунални и водостопански дејности, затоа што ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ на локални избори, мнозинството градоначалници се на ВМРО-ДПМНЕ и тоа според него имплицира дека овие претпријатија се на ВМРО-ДПМНЕ. Не се на ВМРО-ДПМНЕ, тие се на граѓаните, рече Мицкоски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk