logo
logo
logo

ЕКСЛУЗИВНИ СЛИКИ ОД ДЕНЕШНАТА ВОЈНА НА ПОДЗЕМЈЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Vecer | 24.10.2023

ЕКСЛУЗИВНИ СЛИКИ ОД ДЕНЕШНАТА ВОЈНА НА ПОДЗЕМЈЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Ова се есклузивните фотографии на Вечер.мк од пукачот кој го рани Раде Трајковски и уште едно лице попладнево во Ист гејт Мол, кој на големо се споделуваат на социјалните мрежи

МВР трага по напаѓачот, кој не се поклопува во со ниеден податок од базата на МВР, што значи дека е дојден од надвор, дознава Вечер.мк од извори во истрагата.

Напаѓачот 5 мин пред нападаот, го следи целите
Напаѓачот 5 мин пред нападаот, го следи целите

Како што можете да видите од сликите, тој ги следи двете лица и кога застануваат на елеваторот, пука во нив од горе, по што бега.

Раде Трајковски (сина облека) и лицето пред да бидат ранети, се движат кон елеваторот
Раде Трајковски (сина облека) и лицето пред да бидат ранети, се движат кон елеваторот

Се работи за леворак пукач, што е реткост и во светот, каде 99,5% од покачите се деснораки.

Напаѓачот пука кон Раде Трајковски и Димитар Трајчов на елеваторот (можел да погоди уште кој знае колку лица ако ги имало на елеваторот)
Напаѓачот пука кон Раде Трајковски и Димитар Трајчов на елеваторот (можел да погоди уште кој знае колку лица ако ги имало на елеваторот)
Напаѓачот бега
Напаѓачот бега
Напаѓачот бега
Напаѓачот бега

 

Инаку по денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.

– Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани, појасни Арсенков.

Министерството за внатрешни работи потврди дека имало пукање во овој скопски трговски центар, екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk