logo
logo
logo

СКАПА ОДМАЗДА: Кумановка со уцена се обидела да му пресуди на бизнисот на шефот

Vecer | 01.04.2026

СКАПА ОДМАЗДА: Кумановка со уцена се обидела да му пресуди на бизнисот на шефот

Кумановската полиција расветли случај на уцена во кој двајца сограѓани се обиделе да изнудат пари од сопственик на угостителски објект. Главната осомничена, Б.Т. (40), користејќи фотографии од наводни неправилности при ракување со храна, му поставила ултиматум на својот поранешен работодавец: враќање на работното место или кеш исплата од 5.000 евра.

„Со фотографиите, таа се заканувала дека ќе прикаже несоодветно ракување со храната во објектот, со цел да создаде негативна слика за угостителскиот бизнис“, се вели во полициското соопштение.

Во реализација на уцената учествувал и 43-годишниот М.Д., поради што и двајцата сега се соочуваат со кривична одговорност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk