Главната расправа против 13-те полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска беше одложена. Причина за одложувањето е барање на адвокатот на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николова, кој поради претходно закажан притворски предмет со приоритет во Основниот суд Кочани, не беше во можност да присуствува на рочиштето.
Иако судијата побарал присуство на замена со цел да се одржи динамиката на постапката, денешното рочиште беше искористено само за утврдување на термините за наредните сослушувања. Судскиот процес официјално продолжува на 20 април.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата