logo
logo
logo

Зошто е важна „Долината на петте лавови“ И ЗОШТО ТАЛИБАНЦИТЕ НЕ ЈА ОСВОИЈА

Vecer | 25.08.2021

Зошто е важна „Долината на петте лавови“ И ЗОШТО ТАЛИБАНЦИТЕ НЕ ЈА ОСВОИЈА

Непокорниот дел од Авганистан, долината Панџшир, им се спротивставува на Талибанците, но тие наводно смислиле начин како да ги покорат.

Иако двете страни велат дека сакаат решение преку преговори, нема напредок кога станува збор за судбината на таа стратешка област, што е најголемата точка на отпорот кон Талибанците кои ја презедоа контролата врз Авганистан.

Борците составени од членови на анти-талибанската милиција и поранешни авганистански безбедносни сили ветија дека ќе се борат против Талибанците кои ги испратија своите борци да ја опколат областа позната и како „Долината на лавовите“.

Зошто е важна долината Панџшир?

Панџшир е тесна долина длабоко во планините Хинду Куш, а јужниот дел од таа долина е околу 80 километри северно од Кабул. Географски, има ограничен број влезни точки, така што обезбедува природна воена предност бидејќи одбранбените единици можат да ги користат позициите на ридовите за да ги одбијат напаѓачите.

Исто така, има големо симболично значење во Авганистан како област која се спротивставува на окупацијата на напаѓачите повеќе од сто години.

Најпочитуваната личност во Панџшир е Амад Шах Масуд, герилски командант чие лице ги краси муралите не само во долината, туку и многу подалеку во многу авганистански градови.

Познат како Лавот од Панџшир, Масуд стана познат водејќи ги муџахедините во борбата против советската армија во 1980 -тите. Советскиот Сојуз започна повеќе кампањи со илјадници војници, нападна со хеликоптери и тенкови, но не можеше да го победи со ниту една од најкрвавите битки во конфликтот.

Мусад го повтори тоа достигнување кон крајот на 1990 -тите години кога Талибанците ја презедоа власта над поголемиот дел од Авганистан. Талибанците не можеа да ја заземат долината, а силите на Масуд им нанесоа некои од најтешките порази во тоа време.

Два дена пред терористичките напади на 11 септември 2001 година, убијци испратени од Ал Каеда, сојузник на Талибанците, го убија Масуд. Претставувајќи се како сниматели на документарец филм, тие седнале да го интервјуираат, а потоа го активирале експлозивот скриен во камерата и торбата со батерии.

Денешните борци против талибанците се припадници на локалните милиции, како и поранешни припадници на безбедносните сили кои дојдоа во долината кога остатокот од земјата падна во рацете на Талибанците.

Со себе ја донесоа својата опрема, возила и оружје, што ќе му помогне на Националниот фронт за отпор (НРФ), кој го води синот на славниот Масуд.

Неговата група вети дека ќе се спротивстави на сите талибански напади, но призна во написот за Вашингтон пост дека ќе му треба странска помош.

Како реагираа Талибанците?

Талибанците испратија стотици борци во областа околу Панџшир во обид да организираат опсада и да ги принудат борците на отпорот да се предадат.

И покрај ескалацијата, портпаролот на Талибанците рече дека повеќе би сакал мирно да ја реши ситуацијата.

Талибанците тврдат дека контролираат најмалку три зони околу Панџшир, а поранешниот авганистански потпретседател Салех на Твитер објави дека се развива хуманитарна криза бидејќи е прекинато снабдувањето со храна и гориво.

И додека НРФ ветува дека ќе се спротивстави на секој напад, не е познато дали имаат доволно храна, резерви и оружје за да ја издржат долгата опсада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk