logo
logo
logo

Жителите на Алјаска избезумено се подготвуваат за ерупција, маски носат и кучињата (ВИДЕО)

Vecer | 11.04.2025

Жителите на Алјаска избезумено се подготвуваат за ерупција, маски носат и кучињата (ВИДЕО)

Планината Спур, каде што се наоѓа вулканот, е на околу 100 километри од градот Енкориџ, каде живеат речиси 300.000 луѓе, објави Дејли Меил.

„Кога ќе еруптира, настанот би бил експлозивен“, изјави за Дејли Мет Хени, главен научник во AVO, додавајќи дека ќе исфрли повеќе облаци од пепел кои ќе се издигнат до 15 метри во воздухот.

Секоја епизода за производство на експлозивна пепел би траела три до четири часа, предизвикувајќи Енкориџ и другите блиски заедници да бидат зафатени во огромен облак.

Вулканската пепел може да ги иритира очите, носот и грлото и да предизвика посериозни здравствени проблеми кај луѓето со астма, други форми на белодробни заболувања и тешки срцеви проблеми, според Меѓународната мрежа за вулкански опасности по здравјето (IVHHN).

Жителите набавија маски N9-5 и латекс ракавици за да се подготват за слоевите пепел, заедно со очила, гас-маски и чизми за нивните кучиња.

„Се подготвуваме за вулканска ерупција, погледнете ги кучињата“, рече корисничка на TikTok, Ангела Гонзалес во неодамнешното видео.

Носејќи очила, таа седи со нејзините две кучиња кои исто така носат очила.

„Тие не се задоволни со очилата. Потоа треба да им обезбедиме заштита за уши и нешто што ќе ги покрие нивните тела“, рече таа.

Таа, исто така, ги покажува сите предмети што ги купила во изминатите неколку недели како подготовка за ерупцијата, вклучувајќи заштитни маски, чизми за кучиња и лента за да ги запечати сите празнини во прозорците и вратите.

Жителите на Енкориџ, Алијана Салангуит и Џеслин Вуливер изјавија за NPR дека купиле заштитна опрема за нивното куче Ајро, веднаш штом научниците објавија дека вулканот може да еруптира.

Официјалните лица на Енкориџ го подигнаа нивото на планирање за вонредни ситуации на ниво 2 на 20 март, што значи дека ќе ја зголемат комуникацијата со јавноста за заканата, а агенциите за јавна безбедност ќе се подготват да иницираат протоколи за одговор на ерупција.

Од почетокот на април забележани се неколку помали земјотреси во радиус од 50 километри од вулканот.

На 2 април, посилен земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала го погоди во близина на Петерсвил во 11:44 часот.

Но, бидејќи планината Спур покажува други знаци на немири, можно е овој земјотрес да е поврзан со магмата што се издига од подлабоката обвивка на Земјата. Научниците проценуваат дека ерупција би можела да се случи во следните неколку недели или месеци.

Покрај континуираната сеизмичка активност, Спур почна да ослободува покачени нивоа на гас од кратерот на врвот и страничниот отвор на 7 март.

Емисиите во комбинација со земјотреси и деформации на тлото ги ставија научниците во состојба на готовност.

Експертите проценуваат дека кратерот на врвот на вулканот не еруптирал веќе 5.000 години. Но, неговиот страничен отвор, наречен Кратер Пик, последен пат еруптираше пред 30 години.

Ако Спар повторно еруптира, ерупцијата најверојатно ќе биде од овој страничен отвор и ќе изгледа слично на настанот од 1992 година, рече Хејни.

„Ако активноста на Спур продолжи да се зголемува, следниот знак на ерупција ќе бидат вулкански потреси“, предупреди Хејни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk