logo
logo
logo

Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија

Vecer | 18.04.2025

Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија

Украинската власт одговорна за воените заробеници соопшти дека 909 тела се примени од Русија.

Војниците наводно биле убиени во источните украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје, Суми и Харков.

Некои, исто така, биле примени од мртовечници во Русија, откако украинските сили неодамна беа потиснати од пограничниот регион Курск.

Во замена, руските медиуми наведуваат дека Москва примила 41 тело.

Примопредавањето, објавено на Велики петок, се случило со посредство на Меѓународниот Црвен крст, соопшти украинската власт. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk