logo
logo
logo

Жената која го отру семејството со пита со отровни печурки доби 33 години затвор, државата бара повеќе

Vecer | 06.10.2025

Жената која го отру семејството со пита со отровни печурки доби 33 години затвор, државата бара повеќе

Патерсон беше осудена на најмалку 33 години затвор минатиот месец за тројното убиство во областа Леонгата, откако им послужила на своите роднини пита со отровни печурки, објави Ројтерс.

Судијата рече дека Патерсон не покажала каење, што ѝ определи една од најдолгите затворски казни изречени на жена во Австралија.

Директорот на јавното обвинителство поднесе жалба до Апелациониот суд на Викторија, велејќи дека казната на Патерсон е „очигледно несоодветна“.

Службениците ја потврдија жалбата, но одбија да коментираат за деталите.

Ерин Патерсон беше обвинета во ноември 2023 година за смртоносен ручек што го приредила на 29 јули истата година во нејзиниот дом во Леонгата, во регионот Гипсленд во југоисточна Викторија.

На судењето беше утврдено дека четворица гости се здобиле со труење од печурки аманита откако ги консумирале отровните печурки познати како „капачиња на смртта“, се слушна на судењето.

Гејл и Хедер починале на 4 август. Дон починал еден ден подоцна, на 5 август. Иан, пастор на Баптистичката црква во Корумбури, се опоравил и бил отпуштен од болница во септември 2023 година.

Обвинителот тврдеше дека Ерин Патерсон поканила четири постари гости под „изговор“ дека има рак и дека ѝ е потребна помош за тоа како да им ја соопшти веста на своите деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk