Официјална Москва ја поздрави посетата на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој деновиве беше забележан во руската престолнина, пренесуваат руските државни медиуми. Иако европските лидери веќе го одбија предлогот на Владимир Путин, Шредер да дејствува како посредник и претставник на Европа во потенцијалните преговори за безбедност со Русија, неговото појавување во Кремљ повторно ги подгреа политичките дебати.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата