logo
logo
logo

Жена вреска, мажи ја влечат по улица, еден ја брани- обид за киднапирање среде Париз (ВИДЕО)

Vecer | 13.05.2025

Жена вреска, мажи ја влечат по улица, еден ја брани- обид за киднапирање среде Париз (ВИДЕО)

На видеото се прикажани маскирани напаѓачи како се обидуваат да киднапираат жена, влечејќи ја низ улицата, додека маж, наводно татко на нејзиното дете, се обидува да ја спаси.

Се слуша женски крик, драматичната сцена трае десетина секунди, додека киднаперите на крајот се откажуваат, се враќаат во комбето и бегаат. На улицата има и други минувачи, кои на почетокот се двоумат дали да помогнат и покрај вресоците на жената, но на крајот неколку од нив решаваат да интервенираат.

За потсетување, жена, наводно ќерка на извршниот директор на платформа за тргување со криптовалути, е спасена утрово кога напаѓачите се обиделе да ја киднапираат.

Според полициски извор, жената била со своето дете (2) кога се случил обидот за киднапирање. Сè уште не е познато како детето (2) успеало да им избега на киднаперите кои се обидувале насилно да ја внесат неговата мајка во комбето.

За среќа, сето тоа било неуспешно благодарение на храбрата интервенција на таткото на детето, пишува „Ле Паризиен“.

Мажот ѝ помогнал на жената и добил неколку удари од киднаперот. Шокантната сцена се одвиваше пред очите на многу минувачи, кои се плашеа да интервенираат и покрај вресоците на жртвата. Напаѓачите, од кои едниот очигледно го изгубил пиштолот, за кој не е јасно дали бил вистински или лажен, на крајот брзо избегале, враќајќи се во комбето.

Возилото е пронајдено на улица во истата општина во Париз. Според информациите од „Ле Паризиен“, жената е ќерка на извршниот директор на платформа за купување криптовалути.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk