logo
logo
logo

Земјотрес во Авганистан: над 600 загинати и повеќе од 1.500 повредени (Видео)

Vecer | 01.09.2025

Земјотрес во Авганистан: над 600 загинати и повеќе од 1.500 повредени (Видео)

Најмалку 622 лица загинаа, а повеќе од 1.500 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,0 степени што синоќа нешто пред полноќ го погоди источниот дел на Авганистан, соопшти утринава авганистанското Министерство за внатрешни работи кое е под контрола на талибанците.

Американскиот геолошки институт објави дека потресот се случил во 23:47 часот (локално време) во планинската провинција Кунар, на 27 километри североисточно од градот Џалалабад, во покраината Нангархар. Дваесет минути подоцна регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 4,5 степени во истата област.

Според властите, загинати и повредени има во окрузите Нур Гул, Соки, Ватпур, Маноги и Чападаре. Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Кабул, како и во пакистанската престолнина Исламабад.

- Во Кунар, најпогодената покраина, огромен број домови целосно уништени, изјави за ДПА портпаролот на талибанското Министерство за внатрешни работи, Абдул Матин Кани.

Екипите за спасување се обидуваат да стигнат до оддалечените планински региони, но ограничените комуникации и тесните патишта ја отежнуваат акцијата. Властите во Кабул побараа меѓународна помош.

Авганистан е подложен на силни и чести земјотреси, особено во регионот на Хиндукуш, каде што се сретнуваат индиската и евроазиската тектонска плоча.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk