logo
logo
logo

Земјотрес со јачина од 6,9 степени во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја

Vecer | 05.04.2025

Земјотрес со јачина од 6,9 степени во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја

Земјотресот бил во близина на островот Нова Британија, а предупредувањето за цунами било на сила кратко време. Нема информации за причинета штета.

Земјотресот бил во 6:04 часот по локално време, на околу 194 километри југоисточно од градот Кимбе.

Следеа два послаби земјотреси со јачина од 5,1 и 5,3 степени.

Земјотресите се вообичаени во Папуа Нова Гвинеја, архипелаг што лежи на „Огнениот прстен на Пацификот“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk