Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), епицентарот на земјотресот бил во Синдирги, а регистрираната јачина била 4,9 степени.
Земјотресот бил почувствуван во Баликешир, соседните покраини, како и во Измир, а бил регистриран на длабочина од 7,72 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата