logo
logo
logo

Земјите од Латинска Америка бараат правична дистрибуција на вакцини

Vecer | 25.05.2021

Земјите од Латинска Америка бараат правична дистрибуција на вакцини

Шест лидери на земјите од Латинска Америка и Карибите побараа од меѓународната заедница еднаква достапност на вакцините против коронавирус, повикувајќи ги земјите кои имаат најмногу дози да ги споделат со други.

„Ние силно ги повикуваме земјите кои имаат вишок дози и оние кои ги вакцинираа ризичните групи да преземат чекори за распределување на тој вишок праведно и што е можно поскоро“, се вели во заедничкото соопштение издадено од претседателот на Костарика, Карлос Алварадо.

Покрај него, повикот го потпишаа и аргентинскиот претседател Алберто Фернандез, мексиканскиот Андрес Мануел Лопез Обрадор, премиерот на Јамајка Ендру Мајкл Холнес, боливискиот претседател Луис Алберто Арсе Катакора, еквадорскиот Гуљермо Ласо Мендоза и уругвајскиот Луис Алберто Лакале Поу.

Од потрошените 1,3 милијарди дози ширум светот, повеќе од половина биле потрошени во пет земји кои сочинуваат 50 проценти од светскиот бруто домашен производ (БДП), покажуваат официјалните податоци.

„Никој нема да биде безбеден сè додека сите не бидеме безбедни. Пандемијата може да се запре само кога вакцината ќе стигне до ранливите групи на население во целиот свет”, рекоа тие, истакнувајќи дека земјите со ниски примања добиле само 0,3 проценти од светските дози.

Пет земји од Латинска Америка се меѓу десетте земји во светот со најмногу заразени на 100.000 жители во последните две недели – Уругвај, Аргентина, Костарика, Парагвај и Колумбија, покажуваат податоците собрани од АФП.

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш веќе објавија слични повици за еднаков пристап до вакцините.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk