logo
logo
logo

Зеленски: За да се одбрани од Русија на Украина и треба армија од околу еден милион војници

Vecer | 22.01.2025

Зеленски: За да се одбрани од Русија на Украина и треба армија од околу еден милион војници

Зеленски изјави дека на Украина и се потребни околу милион војници за да се спротивстави на армијата од околу еден и пол милион руски војници, пренесе Укринформ.

Украинскиот претседател додаде дека толку голема армија ќе биде неопходна додека Украина не се приклучи на безбедносен сојуз, истакнувајќи дека за одржување на таков контингент ќе бидат потребни големи средства, што ги  нема во буџетот на Украина.

Зеленски изјави дека затоа НАТО е најдобрата гаранција за безбедноста на Украина, САД и Европа.

-А кој ќе ја нахрани таа милионска армија? Ако Европа кажува дека Украина не се брани само себе, туку и европските вредности, тогаш логично е сите да ја поддржат оваа армија, рече Зеленски, додавајќи дека украинската армија може да се финансира од профит од замрзнатиот руски имот.

Зеленски тврди дека во моментов на територијата на Украина има 608.000 руски војници, што е три пати повеќе отколку на почетокот на инвазијата во 2022 година. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk