Таа рече дека фактот што Трамп не наметна општи царини на првиот ден од неговото претседателствување е „многу паметен пристап... бидејќи општите тарифи не ги даваат нужно резултатите што ги очекувате“.
Зборувајќи во интервју за CNBC, Лагард рече дека очекува тарифите на Трамп да бидат поселективни, но дека Европа во секој случај мора да ги предвиди случувањата за да може да одговори на нив.
Трамп им рече на новинарите по неговата инаугурација дека Европската унија „била многу, многу лоша“ кон Соединетите држави, така што американските царини нема да ја заобиколат.
Кристин Лагард конкретно повика на отстранување на бариерите за трговија во рамките на Европската унија, истакнувајќи дека и покрај аспирациите за создавање единствен пазар, сè уште постојат бариери кои понекогаш ги спречуваат стоките и услугите да патуваат непречено.
„Мислам дека тоа е една од работите што Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, ја кажа вчера - да се погрижиме да ги отстраниме бариерите над кои имаме контрола“, рече Лагард, без да даде детали.
Претседателката на Европската централна банка рече дека се надева дека тоа ќе се случи во наредните недели, опишувајќи го како „еден начин да се одговори на промената во трговската политика во САД“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата