logo
logo
logo

Зеленски во Одеса се сретна со холандскиот и британскиот министер

Vecer | 08.07.2024

Зеленски во Одеса се сретна со холандскиот и британскиот министер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Одеса оствари средба со новиот холандски министер за одбрана и надворешни работи Каспар Велдкамп и британскиот министер за одбрана Џон Хили по повод Денот на украинската морнарица и ги информираше за ситуацијата на фронтот.

-Ќе продолжиме да ја зајакнуваме украинската флота заедно со Велика Британија и Холандија, а има нови охрабрувачки детали од нашата соработка, изјави Зеленски.

Тој додаде дека разговарале и за зајакнување на украинската воздушна одбрана, што е апсолутен приоритет. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk