Во порака објавена на социјалните мрежи тој рече дека Киев ќе одговори „асиметрично“.
- Дрскоста на Русите расте – сè почесто ја напаѓаат Украина во текот на денот со десетици јуришни дронови. Синоќа имаше 150 дронови, утрово повеќе од 50, а повеќето од нив беа „Шахеди“, информира Зеленски.
Според него, ваквиот развој на настаните покажува непочитување на мировните напори од страна на Москва. Зеленски додаде и дека руските вооружени сили акумулираат сили на „одредени делови од фронтот“.
- Русија продолжува да напаѓа. Секако, ние ќе одговориме на тоа. Ќе одговориме, вклучително и асиметрично, така што Русија дефинитивно ќе ги почувствува последиците од својата дрскост, напиша украинскиот претседател.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата