logo
logo
logo

Зеленски: Потребно е да се уништат складиштата и местата за производство на дроновите „Шахед“

Vecer | 03.11.2024

Зеленски: Потребно е да се уништат складиштата и местата за производство на дроновите „Шахед“

„Постојаните терористички напади врз градовите во Украина докажуваат дека притисокот врз Русија и нејзините соучесници не е доволен. Денеска од четири часот наутро во градовите во Украина има воздушна тревога поради напади на руски беспилотни летала. За жал, има жртви во различни области на Киев, нападите беа и во регионите Полтава, Суми и Харков, а причинета е значителна штета“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Тој оцени дека беспилотните летала „Шахед“ што Иран ѝ ги испорачува на Русија станаа едно од главните оружја на „рускиот терор против Украина“.

„Потребна ни е дозвола да ги уништиме базите за складирање Шахед и целата постоечка инфраструктура на нивното производство и логистика. Терористите, за жал, знаат да го искористат времето што им го дава неодлучноста на слободниот свет“, нагласи Зеленски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk