logo
logo
logo

Зеленски критикуваше, Сијарто му одговори: Унгарија прими бегалци, лекува повредени војници, стипендира студенти од Украина

Vecer | 26.05.2022

Зеленски критикуваше, Сијарто му одговори: Унгарија прими бегалци, лекува повредени војници, стипендира студенти од Украина

Унгарија ќе продолжи да и помага на Украина, изјави денеска министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој реагираше на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ја критикуваше Будимпешта дека одбива да го поддржи ембаргото за руската нафта.

„Ако сè што рече Зеленски во Давос значи „Им благодарам на Унгарците што прифатија повеќе од 750.000 бегалци, ви благодариме што се грижите за нив и што им дадовте работа, ви благодариме што лекувате 130 украински деца и обезбедивте болничка нега на повредени украински војници, стипендии за илјадници на млади Украинци, тогаш нашиот одговор е: ни беше задоволство и ќе продолжиме да помагаме“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Сијарто потсети дека Унгарија е подготвена да реновира едно училиште и градинка во Украина, како и да организира сместување за внатрешно раселените лица, пренесува МТИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk