„Ја прифатив одлуката на Националното собрание за укинување и повлекување на вонредната состојба“, рече тој во телевизиското обраќање до нацијата.
Веднаш откако јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол објави дека ќе ја укине вонредната состојба, луѓето пред Националното собрание почнаа да слават, пренесува АФП.
Агенцијата додава дека Џун изјавил дека војниците распоредени во рамките на вонредната состојба биле повлечени, откако Националното собрание гласало против воведувањето воена управа.
Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јол денеска прогласи вонредна состојба во земјата. Претседателот ја обвини опозицијата за „антидржавни активности“.
Првиот човек на Јужна Кореја изјави дека „ќе ја врати слободна и демократска земја преку вонредна состојба“.
Армијата и полицијата потоа влегоа во парламентот, но набрзо се повлекоа откако пратениците гласаа за отфрлање на одлуката на претседателот за воведување вонредна состојба.
Неговата одлука доведе до големи тензии, па граѓаните излегоа на улица, каде имаше неколку судири со војската и полицијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата