logo
logo
logo

Застражувачка глетка: Торнадо од комарци ја нападна Аргентина (ВИДЕО)

Vecer | 27.02.2021

Застражувачка глетка: Торнадо од комарци ја нападна Аргентина (ВИДЕО)

Снимката од Аргентина на која се гледа како бројни комарци формирале "торнадо" станала вирална на социјалните мрежи, додека граѓаните ги фатила паника.

На снимката се слуша шокиран мотоциклист кој вели: "Ова станува се поголемо и поголемо, никогаш не сум видел нешто вакво". Торнадото било резултат од наездата на комарци кои во последно време "го тероризираат" регионот Буенос Аирес.

Според Хуан Хозе Гарсија, истражувач во Центарот за паразитолошки и векторски студии (ЦЕПАВЕ), обилните дождови предизвикале поплавување при што се формирале големи бари на застојана вода во кои женките комарци положуваат јајца.

Тој додаде дека ова често резултира со огромен број инсекти кои напаѓаат градови.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=kJU8d14GP8M&feature=emb_title[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk