Застрашувачки податоци: 10,5 милиони деца останале без родители поради панедемијата

„Последиците за децата можат да бидат погубни, вклучувајќи злоупотреба, трауматска тага, проблеми со менталното здравје, адолесцентна бременост, лоши образовни резултати и хронични и заразни болести“, предупредуваат научниците од Универзитетот во Оксфорд, Империал колеџ, Африканскиот институт за математички науки, Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и Светската здравствена организација (СЗО).
Податоците во студијата се резултат на анализа на бројки за смртност објавени од голем број земји и собрани од СЗО, магазинот Економист и Институтот за мерење и евалуација на здравјето (IHME) на Универзитетот во Вашингтон во Сиетл во периодот од 1јануари. 2020 до 1 мај 2022 година. . Моделот сугерира дека 7,5 милиони деца изгубиле еден или двајцата родители, додека 10,5 милиони деца изгубиле родител или старател.
Според податоците на СЗО, кои се најконзервативни, најпогодена земја е Индија, каде што се проценува дека околу 3,5 милиони деца загубиле еден или двајцата родители. Индонезија (660.000) и Пакистан (410.000) исто така забележале голем број деца кои останале сираци за време на пандемијата. Некои од најнаселените земји во Африка исто така биле сериозно погодени, вклучувајќи ги Египет (450.000) и Нигерија (430.000). Во западната хемисфера, најпогодени се Мексико, САД и Бразил, кои истовремено бележат најголем број смртни случаи од ковид во Северна и Јужна Америка.
– Загубата на родител или старател може да предизвика доживотни последици за децата: покрај трауматичната тага поради загубата, децата без родители имаат поголема веројатност да доживеат ментални проблеми, злоупотреба и хронични болести – изјави за Nature, Сузан Хилис од Оксфорд и коавтор на студијата.
Таа истакнува дека владите и заедниците мора да дејствуваат за да им помогнат на децата кои изгубиле еден или двајцата родители за време на пандемијата. Децениските истражувања на децата чии родители починале од СИДА покажуваат дека три „акцелератори“ се основата за да им се помогне на децата да закрепнат: образовна и економска поддршка и помош за преостанатиот родител или старател.
– Идентификувањето на децата на кои им е потребна помош и нејзиното брзо обезбедување е почетната точка од која треба да тргнеме – заклучува Сузан Хилис.