logo
logo
logo

Запленети рекордни четири тони кокаин во Барселона, дрогата била во вреќи со ориз

Vecer | 26.07.2024

Запленети рекордни четири тони кокаин во Барселона, дрогата била во вреќи со ориз

За време на рацијата уапсени се осум лица, меѓу кои и шеф на шпанска компанија чие име не се споменува во соопштението, како и уште две лица, меѓу кои и шефот на мрежата во Парагвај, соопшти полицијата, пренесува Фигаро.

Акцијата е резултат на меѓународна истрага покрената минатата година, чија цел била шпанска компанија која увезувала ориз од Парагвај.

Криминалната мрежа имала операции во главниот град на Парагвај, Асунсион, каде дрогата била спакувана во пластични кеси, а потоа во вреќи со ориз.

Според шпанската полиција, која прецизира дека дејствувала во соработка со парагвајската полиција и американската Федерална агенција за борба против дрогата (ДЕА), мрежата извезувала дрога и во други европски пристаништа.

Во март во Саутемптон, Велика Британија беа запленети 2,1 тони кокаин увезен од истата организација, додека во октомври во Парагвај била пресретната пратка од 3,3 тони кокаин наменета за Белгија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk