logo
logo
logo

Шпанија

ЗАПЛЕНЕТИ 4,5 ТОНИ КОКАИН

Vecer | 28.01.2023

ЗАПЛЕНЕТИ 4,5 ТОНИ КОКАИН

Шпанската полиција соопшти дека запленила 4,5 тони кокаин чија проценета вредност е 105 милиони евра.

Запленувањето се случило на брод под знамето на Того, кој превезувал добиток во близина на Канарските острови и биле уапсени 28 членови на екипажот.

Полицијата соопшти дека бродот застанал на пристаништата во десетина земји пред рацијата во вторникот и дека шверцерите на дрога почнале да ги користат бродовите за транспорт на добиток, бидејќи на полицијата и било потешко да пронаоѓа нелегален товар, објави Ројтерс.

Полицијата соопшти дека пловењето на бродот „Орион В“ од Колумбија го следеле шпанските власти, американската Агенција за борба против дрога (ДЕА) и тогоанската полиција, а дрогата е запленета во Лас Палмас, Гран Канарија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk