logo
logo
logo

Захарова: Самиот Вашингтон да објасни што се случува во руско-американските односи

Vecer | 18.03.2021

Захарова: Самиот Вашингтон да објасни што се случува во руско-американските односи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Вашингтон е должен да објасни што се случува во руско-американските односи.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека рускиот претседател Владимир Путин ќе плати за наводно мешање во изборите во САД, Захарова рече дека Вашингтон апсолутно одбил да одговори на директното прашање што се случило таму, пренесува РИА новости.

„Во принцип, нема одговор. Она што се случува со нив воопшто е прашање за нив“, посочи Захарова за радиостаницата „Вести ФМ“.

Медиумите пренесуваат и дека Бајден во интервју за Еј-би-си изјавил дека го смета неговиот руски колега Владимир Путин за убиец, но не е јасно дали тој навистина го мислел тоа.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, одби да каже дали зборовите на Бајден за Путин се метафора.

Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов ќе отпатува во Москва на 20 март, на консултации во врска со идните билатерални односи меѓу двете земји, објави руската амбасада во Вашингтон.

Руската амбасада смета дека сегашната криза во односите меѓу Русија и САД произлегува од неконструктивната политика на Вашингтон и од одредени несовесни изјави на високи американски претставници, кои се закануваат на целосно прекинување на билатералните врски меѓу двете земји.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk